Пратеникот Арбер Адеми, кој е претседател на Комисијата за европски прашања, со предмети фрлаше низ собраниската сала и кон опозициските пратеници. Фрапантно видео објави пратеникот Миле Лефков.
Се слуша како пратениците му викаат „Кај се наоѓаш“ додека тој со тацна фрла и ја крши собраниската опрема.
Потоа пратеникот Адеми во придружба на собраниското обезбедување беше изнесен од собраниската сала.
– Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со „каубоите“ од власта – напиша пратеникот.