Бензините и дизелот во Србија до 6 јануари ќе се продаваат по исти цени како и оваа недела, максималната цена на литар бензин Еуропремиум БМБ 95 е 164 динари, а Еуродизелот чини најмногу 197 динари.
Кај земјоделците цената на дизелот не е променета и литар чини 179 динари.
Регулативата за ограничување на цената на нафтените деривати е на сила до 31 јануари, а одлуката за привремената забрана за извоз на еуродизел EN 590 е продолжена до 7 јануари.