Бен Афлек и Џенифер Лопез го поминуваат медениот месец во Париз, а фоторепортерите не ја пропуштаат можноста внимателно да го следат секој нивни чекор.
Така познатиот актер беше фотографиран на вечера со пејачката по повод нејзиниот 53-ти роденден, а како што можете да видите, Афлек пуштил неколку солзи во текот на нивниот разговор. Набргу по овој емотивен момент, новопечената г-ѓа Афлек го зела во раце, тешејќи го и гушкајќи го цело време.
Вечерата полна со љубов и солзи завршила со нивното заминување во хотелот, а како што пренесуваат локалните медиуми, Џенифер и Афлек нашле време да застанат и да разговараат со своите фанови во Париз.
Инаку, Афлек и вчера беше хит на интернет, кога се појавија фотографиите како спие сместен во неудобно столче на јахтата.
ФОТО: Твитер