More

    Белград и Приштина постигнаа договор во врска со регистерските таблички

    spot_img

    Белград и Приштина постигнаа договор во врска со регистерските таблички, потврди високиот преставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, јави дописникот на МИА од Белград.

    „Со радост ви соопштувам дека главните преговарачи на Белград и Приштина постигнаа договор за мерките, како би ја избегнале натамошната ескалација и во потполност се фокусираат на предлогот за нормализација на односите меѓу нив. Белград ќе престане да издава регистерски таблички со именување на косовските градови, а Приштина ќе ги прекине понатамошните акции поврзни со пререгистрација на возилата. Наредните денови ќе ги повикам страните да ги разгледаат следните чекори. Му изразувам благодарнсот на специјалниот претставник Мирослав Лајчак на напорната работа”, напиша доцна вечерва Борел на Твитер.

    Претходно во текот на денот специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак изрази надеж дека во Брисел ќе се најде решение за смирување на тензиите во Косово.

    Тој денеска во Брисел се сретна со преговарачите на Србија и Косово, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими.

    „Искрено се надевам дека денеска ќе успееме да најдеме решение за деескалација на тензиите и да продолжиме да работиме на нормализација на односите. Разговорите се во тек“, напиша Лајчак на Твитер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img