More

    Бектеши во кавга со компанијата, но и со новинарите

    spot_img

    Дали плаќаме поскап или поевтин гас ќе видиме на крајот на грејната сеозна. Според ЕСМ, лани, кога имаше монопол, плаќавме многу поскапо, а сега има конкурентност и ги повикувам сите што имаат лиценца за снабдување да се пријават и да дадат понуда, а не да кажуваат цени и понуди кога ќе заврши повикот – изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

    Тој одговараше на новинарско прашање дали не беше избрзана одлуката на ЕСМ за склучување месечен договор по фиксна цена од 98 евра кога на берзата цената е многу пониска, но и со оглед дека „Макпетрол“ вчера објавил дека цената на гасот за февруари е 40 отсто пониска од онаа за јануари.

    – За мене како министер за економија, но убеден сум и за Владата, најважно е да ја поттикнеме конкурентноста, да не дозволиме во одредени сектори да има монопол како што беше претходно со природниот гас. ЕСМ објави јавен повик за февруари, имало двајца понудувачи меѓу кои мислам дека не бил „Макпетрол“. Ако имаат подобри цени и услови, ги повикувам да учествуваат на повикот и секако, оној што има најниска цена и нуди подобри услови, законски ќе го добие повикот – потенцира Бектеши.

    Тој на новинарката што го постави ова прашање, а која не беше од телевизија Телма, најпрво и одговори дека веројатно има добра соработка со колегите.

    – Добра соработка веројатно имате со колегите, ви ги даваат нивните прашања што сакаат да ги постават, но нема проблем, тука сум и секогаш отворен транспарентно да одговорам, истакна Бектеши.

    На тоа реагираше новинарот од Телма кој присуствуваше на прес-конференцијата, на што Бектеши посочи дека „не е место тука да се даваат коментари, туку да се поставуваат прашања“.

    – Не сте тука повикани да давате коментари, туку да поставувате прашања Ако мисите дека во прес центарот може да давате коментари, тоа може да го направите во вашите емисии, не е тука местото да се дебатира, туку да се поставуваат прашања, а наше е да одговориме и како сакаме да одговориме, рече Бектеши кој сепак потоа јавно се извини.

    Тој појасни дека не е навреда ако некој со некого има одлична соработка.

    – Ако мислите дека е навреда, се извинуваме, но мислам дека не е навреда да се кажува дека луѓе или одредени институции, правни субјекти, соработуваат одлично меѓу себе. Како што ние имаме одлична соработка, на пример, со Министерството за енергетика во Турција и вие како институција може да имате соработка. Можеби за вас изгледа иронично, ако е така се извинуваме. Но кога има одлична соработка меѓу две приватни лица или институции мислам дека не е навреда – повтори Бектеши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img