More

    Бектеши: Ве уверувам дека цените на нафтата и нафтените деривати во Северна Македонија ќе бидат најконкурентни и најмали ако ги споредуваме со цените на соседите

    spot_img

    Ве уверувам дека цените на нафтата и нафтените деривати во Северна Македонија ќе бидат најконкурентни и најмали ако ги споредуваме со цените на соседите, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши при посетата на трговскиот центар „Ист гејт мол“.

    – Сите резерви и државни и оперативни се полни. Испораките се прават редовно. Нема простор за грижа и паника, граѓаните да не паѓаат на шпекулации – потенцира Бектеши.

    Тој во однос на шекулациите дека во маркетите се празнат рафтови, а трговците со нафта и нафтени деривати чуваат резерви со цел да ги продадат по повисоки цени, рече дека инспекциите постојано вршат контроли и оти нема простор за паника.

    – Имајќи го предвид капацитетот на Пазарниот инспекторат ние донесовме дополнителна одлука да се вклучи финансиската полиција и Управата за јавни приходи, се со цел да се зголеми бројот на инспектори кои ќе вршат контроли. Инспекциите се вршат и во сабота и во недела. Утре ќе имаме координација со сите кои вршат контрола и ќе ја известиме јавноста во делот на наодите. Колку што имам информации, веќе почнале да се полнат сите рафтови на маркетите, нема колони на бензинските пумпи – наведе министерот за економија.

    Тој упати апел до граѓаните да купуваат согласно нивните потреби и доколку забележат празни рафтови во маркетите да пријават на 191 за да постапуваат инспекторите.

    На новинарско прашање, околу разговорите со трговците од кванташки пазар и информациите за укинување или менување на маржата на овошјето и зелечукот Бектеши рече дека маржите нема да се сменат.

    – Ќе се донесе одлука за укинување само тогаш кога ќе се забележи дека има намалување на одредени цени. Ако има намалување на цените на овошје и зеленчук секако дека ќе ја укинеме одлуката. Во случај ако има зголемување ќе има дополнителни мерки – одговори тој.

    Министерот за економија најави дополнителни олеснети мерки и за стопанството и за граѓаните наредната недела.

    Бектеши информираше дека ДПИ утре ќе достави извештај за цените на производите и за тие што е потврдено дека има зголемување на цената кое не зависи од трговците на големи и на мало ние, како што посочи тој, ќе се донесат дополнителни олеснителни мерки за граѓаните да не плаќаат поголеми цени

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img