Измама, фалсификување на исправа и надрилекарство, злосторничко здружување, прикивање на кривично дело, се само можните прекршувања на кривичниот законик за кој би требло да одговараат по командна одговорност министерот за здравство Беким Сали, Директорот на Здравствениот дом Вевчани Јован Стојкоски, како и членовите на здравствената комисија при ЈЗУ Здарвствен Дом Вевчани и секако лажниот лекар Сашо Кутаноски.
Доколку се оди според закон, а во конкретниот случај се заобиколува законот, прв кој треба да лета од директорската позиција и кривично да сноси одговорност е’ директорот на Здравствениот дом Вевчани Јован Стојкоски, од причина што истиот го потпишал решението за прием во работен однос на лажниот лекар, истиот партиски го унапредил дури и за началник на Брза Помош – Вевчани, со што сторил стек од кривични дела Измама, фалсификување на исправа и надрилекарство, злосторничко здружување, кривични дела против јавното здравје на населението.
Кривична одговорност секако дека треба да се спроведе и да се повикаат на обвинителна клупа членовите на Здравствена комисија при ЈЗУ Здравствен Дом Вевчани,кој извршиле рангирање и прием на лице во работен однос, кој немал соодветна стручна спрема и тие сториле стек од кривични дела Измама, фалсификување на исправа и надрилекарство,злосторничко здружување, кривични дела против јавното здравје на населението.
Беким Сали, министер за здравство во владата на Македонија, во својство на одговорно лице на правниот субјект министерство за здравство на РСМ, сноси кривична одговорност поради тоа што тој има КОМАНДНА ОДГОВОРНОСТ, како и дека и после 1 месец од одвивањето на кривично правниот настан, воопшто не презел дејствија да го разреши директорот на ЈЗУ Здравствен дом Вевчани, да ја разреши Здравствената комисија при ЈЗУ Здравствен Дом Вевчани, истите времено да ги суспендира од работните места, КАКО НЕ БИ МОЖЕЛЕ ДА ВЛИЈААТ НА СВЕДОЦИТЕ И ДА ВЛИЈААТ НА ИСТРАГАТА И ИСТАТА ДА НЕ ЈА ПОПРЕЧУВААТ….
Еден месец по кривично правниот настан Беким Сали не превзема никакви дејствија, лажниот лекар сеуште е вработен во ЈЗУ Здравствен Дом Вевчани, согласно закон за работни односи тој како вработен во здравствената институција не може да биде избркан од работа, туку може да биде спуштено нивото на работниот однос во висина од дипломиран статус на образование и така до недоглед…
Во пракса до сега се покажа дека лажните лекари се накотија во здравствениот систем. И во случајот со лажниот лекар Сашо Точко кој долги години претставувајќи се како Доктор, беше директор на ЦЈЗ Охрид, а кој од како тогашниот министер за здравство Венко Филипче постапувајќи по Допрен глас дозна за лажната диплома на Сашо Точко, испрати веднаш комисија од министерство за здравство и веднаш од како комисијата воочила дека лицето нема соодветна стручна спрема, нема завршено медицински факултет, туку истиот за вршил едномесечен курс на фармацевскиот факултет, како и низата на финансиски манипулации за време на неговото директорување, Филипче експресно го разреши лажниот лекар Сашо Точков и како министерство поднесоа соодветни поднесоци до ЈО на РСМ против Сашо Точков, кој до денес немаат никаков епилог. За илустрација само во време на ковид тестирањата, од над 100.000 приватни тестирања извршени тогаш преку ЦЈЗ Охрид, парите завршувале во џебовите на Сашо Точков, а граѓаните кој се тестирале не добивале никаква сметка…..