14-месечно дете во понеделникот наутро паднало од втор кат од куќа во Земун поле и се реанимира, јавуваат медиумите.
Според зборовите на мајката, во куќата во моментот на несреќата биле и двајцата родители, а детето во еден момент „се изгубило“ и паднало низ прозорецот на бетонот.
Родителите со приватен автомобил го однеле детето во КБЦ Бежанијска коса, од каде веднаш било префрлено во Ургентниот центар, објави Телеграф.