Американскиот претседател Џо Бајден повторно се најде во центарот на вниманието откако фатил млада девојка за рамо и ѝ рекол „нема сериозни врски со момчиња додека не наполниш 30 години“.
Настанот се случил за време на неговата посета на колеџот Ирвин Вали во Калифорнија.
– Сега, многу важна работа што им ја кажав на моите ќерки и внуки – нема сериозни врски со момци до 30 години – ѝ вели Бајден на збунетата девојка која позирала со нејзините другарки.