Вчера во 14.30 часот, М.Б.(58) од Кичево, во ОВР Кичево пријавил дека при изведување градежни работи со работна машина, на новопроектираниот пат Кичево-Дебар кај месноста „Гарски мост”, ископал три експлозивни средства, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Овластено службено лице од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи извршија увид при што, констатирано е дека се работи за авионски бомби од Втората светска војна. По насоки од јавен обвинител, местото е обезбедено и преземени се мерки за нивно уништување“, наведено е во полицискиот билтен.