Атрактивна навивачка на Аргентина ги покажа градите на теренот Лусаил за да ја прослави победата на мечот против Франција, но сега ѝ се заканува казна според законите на Катар, објави Дејли Мејл.
„Ја видов, храбра е! Таму ќе ја уапсат затоа што не внимава “, напишал еден од навивачите на Аргентина, пренесува весникот.
Пред да влезат на стадионот на туристите во Катар им беше советувано да избегнуваат шорцеви или здолништа. Но, дали тоа важеше за хрватската навивачка Ивана Кнол?
Славјето за Аргентина ги крши табуата и приредува изненадувања. Едно такво изненадување беше огромниот лик на Диего Марадона кој осамна на улиците во Буенос Аирес покрај кого стотици илјади луѓе викаа „Оле, оле, оле“, пееја песни како што се „Мучахос“ и „Бразилеро, Бразилеро ке амаргадо се те ве“.
Последната песна се однесува на Бразилецот Пеле, ривалот на Марадона, а во превод вели „Бразилецу, бразилецу, колку горко ти изгледаш“.