More

    Апелациониот суд Скопје донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите во случајот „Трезор“

    spot_img

    Апелациониот суд Скопје донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите во случајот „Трезор“, изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати на повторно постапување и одлучување пред Основниот кривичен суд Скопје.

    – Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет  КОКЖ-100/21, во јавноста познат како „Трезор”, по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите С.М. од С., Г.Г. од С., Н.С. од С. и Т.Ј. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување – се наведува во денешното соопштение од Апелациониот суд.

    При разгледување на побивната пресуда, како што се додава во соопштението, Апелациониот суд Скопје констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик.

    За набавка на британска опрема за следење на електронската комуникација за УБК, првостепениот суд донесе пресуди со кои поранешниот директор Сашо Мијалков е осуден на единствена казна затвор во траење од 8 години, а поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, на кој му се судеше во бегство, е осуден на единствена казна затвор во траење од 15 години. Поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, поранешен  шеф на кабинетот на Мијалков,  добија затворски казни од по 5 години. Судот ги задолжи обвинетите Мијалков, Михајловски и Јакимовски, ако се потврди пресудата, солидарно да ја надоместат штетата на државниот буџет во износ од над 21 милион денари. Со пресудата се конфискуваат и  средства од фирмата „Финзи“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img