Фудбалскиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека навива за Канада на Светското првенство во Катар.
Медиумите на Апенините пишуваат дека мнозинството Италијанци на Мундијалот навиваат за Аргентина, каде живеат многу потомци на италијански емигранти, па тоа донекаде е и очекувано.
Сепак, меѓу нив го нема тренерот на „кралскиот клуб“.
„Канада одамна не била на Светското првенство. Канада е мојот втор дом. Исто така, претседателот на Канадскиот фудбалски сојуз е од Абруцо и сите таму ќе навиваат за Канада“, изјави Анчелоти, чија сопруга е Канаѓанка.