More

    Анкетата на ИПИС го открива вистинското расположение кај народот

    spot_img

    Мнозинството Македонци се против прифаќањето на т.н. француски предлог, а најголемиот дел од нив ги поддржуваат протестите.

    Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 4 и 6 јули 2022 на 1114 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии, како и за одредени актуелни прашања.

    На прашањето, дали би прифатиле почеток на преговори со ЕУ, по цена Македонија да се согласи со т.н. француски предлог, 72.8 отсто од етничките Македонци опфатени со анкетата одговориле не. Од вкупниот број на испитаници, каде се содржани и одговорите од другите етнички заедници во Македонија, против францускиот предлог се изјасниле 56 отсто од испитаниците.

    62.8 отсто од етничките Македонци сметаат дека новиот предлог е ист како претгодниот, а 67 отсто од нив ги поддржуваат протестите кои во изминатите денови се одржуваат во Скопје, на кои демонстратите бараат од Владата да го одбие предлогот.

    – Владата се обиде францускиот предлог да го опише како добар, но апсолутното мнозинство на Македонците го одбиваат. Исто така во јавноста беше направен обид да се направи претстава дека мнозинството на Македонците го прифаќаат предлогот, а само мала група на граѓани што протестира е против. Анкетата покажува дека тоа не е точно – вели за Плусинфо, Владимир Божиновски од ИПИС.

    Во анкетата се содржани и одговорите во врска со популарноста која во моментов ја уживаат политичките партии во Македонија. Тука нема преголеми изненадувања, односно ВМРО-ДПМНЕ сè уште ја одржува значајната предност пред СДСМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img