More

    Анкара реагира на палењето на Куранот во три европски земји

    spot_img

    Турското Министерство за надворешни работи денеска го осуди палењето на Куранот во Данска и ги повика европските администрации „да не стојат на страна” и да реагираат на таквите постапки.

    „Најостро го осудуваме злосторството извршено врз нашата света книга Куранот во Шведска и уште еднаш во Данска. Факт е дека овој грозоморен чин, што се случи во Данска, по Шведска и Холандија, не беше спречен и покрај сите наши предупредувања. Загрижува степенот до кој стигнала верската омраза и нетрпеливост во Европа, со злоупотреба на таканаречената слобода”, се наведува во соопштението на Министерството.
    Турското МНР наведува дека државните администрации се нераскинлив дел од европското општество, но дека тие не реагираат на постапките кои ги маргинализираат муслиманите.

    „Ги повикуваме на одговорност, како и да престанат да стојат на страна и да гледаат како се газат универзалните вредности, кои тие тврдат дека ги штитат”, се додава во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img