More

    Американците потфрлија, судбината на филмот е во рацете на остатокот од светот

    spot_img

    Аналитичарите забележаа дека студеното зимско време и невремето за време на божиќниот викенд веројатно доведоа до побавна продажба на билети за земјата.

    Филмот „Аватар 2“ до 24 декември не ја донесе очекуваната заработка, но сигурно повеќепати е кажано дека тоа не мора да значи ништо, бидејќи режисерот Џејмс Камерон „трча маратон, а не спринт“.

    Имено, филмот успеа да „освои“ 134 милиони долари на бокс офисот на американските кина, од почетокот на прикажувањето, а прогнозите беа дека во текот на првиот викенд ќе заработи меѓу 150 и 175 милиони долари само во САД.

    Меѓутоа, на 25 декември, „Си-ен-би-си“ објави дека продолжението на култниот филм „Аватар“ од 2009 година, под името „Avatar: The Path of Water“, „достигна“ блиску до неверојатни 900 милиони долари на кино благајните ширум светот, пред сѐ, благодарение на меѓународната продажба на билети.

    Според прецизните податоци, филмот создаден во соработката на Камерон и „Дизни“ остварил глобална продажба на билети од 855 милиони долари од датумот на прикажување – 16 декември, и е петти филм со најголема заработка лансиран во 2022 година.

    На домашен план (САД), продолжението на „Аватар“ заработи околу 56 милиони долари во текот на вториот викенд на прикажувања во кината, што е пад од 58 отсто во однос на неговото деби.

    Аналитичарите забележаа дека студеното зимско време и бурите за време на божиќниот викенд веројатно доведоа до побавна продажба на билети во земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img