Во текот на ексклузивно интервју за „NBC News“, Амбер Херд (36) за првпат во медиумите го сподели своето мислење за судењето со поранешниот сопруг Џони Деп (58).
Реакциите на нејзините изјави не престануваат, а се огласи и познатиот британски водител и новинар Пирс Морган (57) кој е познат по тоа што нема „влакна на јазикот“. Тој ги коментираше нејзините зборови дека социјалните мрежи влијаеле на исходот на пресудата и дека Џони и таа „немале еднаков третман на социјалните мрежи“.
– Поротниците не прочитаа ништо на социјалните мрежи, ги ислушаа доказите и заклучија дека лажела. Предлагам г-ѓа Херд да престане да се преправа дека е жртва – искоментирал Пирс Морган.
Тој исто така, ја споредил Амбер со Меган Маркл (40).
„Амбер Херд е како Меган Маркл – колку повеќе моли и глуми жртва, користејќи ги своите најдобри актерски способности, толку помалку ѝ верувам“, напишал тој на Твитер
Да потсетиме, Херд во интервју за новинарката на NBC изјави дека останува на сѐ што рекла на суд и дека до смрт ќе остане на тврдењето дека Деп ја тепал и сексуално злоставувал.
Никол Хаф, американска адвокатка специјализирана за шоу бизнис, објаснила дека таквите тврдења би можеле да бидат основа за нова тужба.