More

    Александра се јави од болница

    spot_img

    Македонската инфлуенсерка Александра Шијакоска, која на Инстаграм брои речиси 55.000 следбеници, кон крајот на февруари ги растажи своите следбеници споделувајќи ја веста дека ѝ е дијагностициран тумор на главата.

     

     

    Потоа Александра сподели и емотивно видео од болницата после операцијата. Во меѓувреме, инфлуенсерката соопшти дека закрепнувањето по операцијата оди добро.

    За жал, Александра денеска на својата инстаграм-приказна сподели дека повторно се наоаѓа во болница и дека закрепнувањето не одело според планот.

    „Погодете кој е хоспитализиран повторно? Опоравувањето не одеше по планот и еве ме пак тука“, напиша таа на првата „приказна“ на Инстаграм инфлуенсерката, а во втората додала:

    „Многу ми е тешко да се навикнам на новата беспомошна и психичка нестабилна јас. Никако не можам да ја прифатам ова ситуација. Ме боли душата. Празна ми е. Како огромна дупка. Ќе го чекам тој сончев, среќен и убав ден со последните сили ако треба. Ќе чекам“.

    Инаку, Александра пред извесно време наполни 29 години. Младата девојка е една од најуспешните македонски инфлуенсерки.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img