More

    Александар Белов го прослави роденденот со новородената ќерка

    spot_img

    Македонскиот поп-пејач Александар Белов, коj пред неколку години стана ѕвезда со учеството во регионалното музичко талент-шоу „Операција триумф“, на Василица, стана татко за првпат.

    Александар и неговата сопруга Јелена за првпат се остварија во улогата на родители, откако Јелена роди женско дете. Среќните родители на девојчето му го дадоа името Мина.

    Тогаш пејачот среќната вест ја сподели на социјалните мрежи:

    „13.01.2022 Ти благодарим Боже што ни дозволи да станеме родители… Јелена Белов ти благодарам што ни ја донесе на свет нашата нова заедничка љубов… Се роди Мина Белов!“, напиша Белов.

    Завчера, Белов имаше уште убав повод за славење, го прослави својот 35-ти роденден.

    Пејачот ја објави првата фотографија со наследничката како ја држи во раце и позира пред роденската торта на која има го свеќичка со број 35. Во описот на фотографијата, среќниот Белов напиша:

    „А што би посакал повеќе од ова? Јас го добив животниот подарок.“

     

    Инаку, Александар и Јелена се во брак од 2019 година. Пејачот откако се ожени со Јелена Станковиќ, последните неколку години живее во српскиот град Крагуевац, каде што продолжи да се занимава со музика, настапува со својата група „Белов бенд“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img