По Украина, Албанија е втората земја која го избра својот претставник на Евровизија 2023 година. На 61. Фестивали и Кенгес, Албанија реши во Ливерпул да ја претставуваат Албина и семејството Келеменди со песната „Дује“.
Во својата евровизиска песна Албина пее за Косово.
Од првото појавување на Евровизија во 2004 година, Албанија ги избира сите свои претставници преку фестивалот – Фестивали и Кенгес, кој традиционално се одржува на крајот на декември.
На овогодинешниот албански национален натпревар учествуваа вкупно 26 натпреварувачи, кои во живо ги изведоа своите песни придружувани од оркестар. Фестивалот имаше вкупно три натпреварувачки вечери, а финалето се одржа на 22 декември.
Стручното жири одлучи дека победник на фестивалот е Елиса Лила, која ја изведе песната „Евита“, додека Албина и семејството Келеменди освоија најмногу гласови од публиката, додека стручното жири ги стави на второто место.
Во ревијалниот дел на фестивалот настапиле голем број гости, меѓу кои и овогодинешните евровизиски победници, украинската група „Калуш оркестра“.
Инаку, претставниците на Албанија – Албина и семејството Келементи потекнуваат од Косово. Албина е родена во Пеќ во 1998 година.