Актерот Џејсон Момоа, кој важи за еден од најсексапилните мажи на планетата, гостуваше во емисијата на Џими Кимел, а ја изненади, но и воодушеви публиката.
Момоа во еден момент пред Џими Кимел и публиката во студиото, ги соблече панталоните и го покажа задникот. Додека актерот се соблекуваше, публиката врескаше од воодушевување.
– Никогаш не сум се чувствувал повеќе како Дени Девито како сега – се пошегува водителот кој го објави видеото на Фејсбук.
Реакциите на видеото објавено на Фејсбук сѐ уште се нижат:
„Каков маж“, „Џејсон е најсекси маж на планетата“, „Како да спијам по ова?“, „Те обожавам, ти благодарам за ова“, напишале обожавателите во коментарите.
Џејсон Момоа неодамна објави разголени содржини на својот профил на Инстаграм. Објавил неколку видеа од риболов, а во еден кадар се гледал неговиот гол задник. Не може со сигурност да се каже дали носел танга или бил целосно гол, но дефинитивно можело нешто да се види.