Актерот Пол Херман, познат по улогите во „Сопранови“ и „Добрите пријатели“, почина на 77-годишна возраст, на својот роденден.
Актерот беше најпознат по улогата на Бенси Гаета во култната американска серија „Сопранови“.
Неговата смрт ја потврди неговиот колега Мајкл Империоли – кој го играше Кристофер Молтисанти во оваа криминална драма на ХБО.
Империоли напиша на Инстаграм: „Почина нашиот пријател и колега Пол Херман. Поли беше одлично момче. Првокласен раскажувач и одличен актер. „Добрите пријатели“, „Беше еднаш во Америка“, „Ирецот“, и секако „Сопранови“, напиша Империоли и додаде дека ќе му недостига.
Херман неодамна глумеше во филмот на Мартин Скорсезе „Ирецот“ (2019).
ФОТО: Инстаграм