More

    Ако ја изгуби војната, може да прибегне кон нуклеарно оружје

    spot_img

    Дел од инсајдерите во Кремљ сè повеќе стравуваат дека Путин, доколку се соочи со пораз во Украина, би можел да прибегне кон употреба на нуклеарно оружје, наведува Блумберг. Неколкумина од нив, кои се на високи позиции во владата и бизнисот веруваат дека руската окупација „била катастрофална грешка што ќе ја врати Русија години наназад“, изјавиле за порталот десет извори.

    Овие луѓе, велат изворите, сметаат дека нема шанси Путин да го промени правецот на својата политика во однос на Украина, а исто така и не гледаат шанса да биде доведена во прашање неговата позиција на семоќен владетел на Русија.

    Изворите тврдат дека рускиот претседател сè повеќе се потпира на сè помалиот круг на тврдокорни советници. Тие додаваат дека Путин наводно ги отфрлил предупредувањата за катастрофалните економски и политички последици од војната во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img