Белорусија е подготвена да распореди нуклеарно оружје ако биде под закана од НАТО, изјави министерот за надворешни работи Владимир Макеј во интервју за арапскиот ТВ канал РТ, пренесува ТАСС.
– Она што го кажа претседателот Александар Лукашенко е дека ја разгледуваме можноста за распоредување нуклеарно оружје на белоруска територија како еден од можните одговори на евентуалните идни дејствија на Северноатлантската алијанса на територијата на Полска – рекол Макеј.
Со ова Макеј мислел на претходна изјава на Александар Лукашенко, каде белорускиот шеф рече дека Минск ќе ѝ понуди на Москва да постави нуклеарно оружје на нејзина територија доколку НАТО постави нуклеарно оружје во Полска.