Адидас, германскиот гигант за спортска опрема, објави дека ја прекинува целосната соработка со Руската фудбалска федерација, а сето тоа поради руската инвазија на Украина.
-„Адидас моментално го суспендира партнерството со Руската фудбалска федерација“, изјави портпаролот на Адидас кој соработува со руската репрезентација од 2008 година.На фудбалски план ова е само продолжение на суспензиите, па да потсетиме, меѓу другото, Меѓународната фудбалска организација ја исфрли репрезентацијата на Русија од дополнителните квалификации за овогодинешното Светско првенство.
-Да додадеме дека според податоците од 2020 година, околу 2,9 отсто од приходите на Адидас биле од Русија, Украина и други земји од тој дел на Источна Европа.