Европската фудбалска федерација (УЕФА) вечерва со жрепка во Истанбул го одреди составот на групите во Лигата на шампиони (ЛШ), од кои најсилна ќе биде групата Ц во која ќе играат Баерн Минхен, Барселона, Интер и Викторија Плзен.
Италијански Наполи во чие редови настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе игра против Ајакс, Ливерпул и Глазгов Ренџерс, додека неговите репрезентативни колеги Стефан Ристовски и Аријан Адеми со загрепски Динамо за противници во групната фаза ги добија Милан, Челзи и Салцбург.
Групна фаза во лигата на шампиони за сезоната 2022/23.
Група А: Ајакс, Ливерпул, Наполи, Глазгов Ренџерс
Група Б: Порто, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Клуб Бриж
Група Д: Ајнтрахт, Тотенхем, Спортинг, Олимпик Марсеј
Група Е: Милан, Челзи, Салцбург, Динамо Загреб
Група Ф: Реал Мадрид, Лајпциг, Шахтјор, Селтик
Група Г: Манчестер сити, Севиља, Борусија Дортмунд
Група Х: ПСЖ, Јувентус, Бенфика, Макаби.