More

    „А бре, Македонче“ ќе ечи на секое парче на земјата каде има Македонец!

    spot_img

    Вчеравечер во ресторанот Ragusa 360 – Rooftop се одржа спектакуларна промоција на уште една во низата народни песни кои ќе го обединат македонскиот народ.

    „Балкан бенд“ го промовираа најновиот музички проект насловен како „А бре, Македонче“. Зад ова музичко парче што ќе остане за навек, како аранжер се потпишува Дарко Илиевски, а мастерот е дело на Дејан Момироски. Спотот е направен под режиската палка на маестралниот Даниел Јовески.

    Домаќин на вечерта беше легендарниот Игор Џамбазов, кој со своето присуство ѝ даде посебна нота на целата промоција.

    Момците од „Балкан бенд“ на промоцијата со огромно задоволство открија дека ова е најскапиот музички проект кој се случил во Македонија во последните 10-на години.

    – Ова што го гледате и слушате вечерва како финален производ, го подготвувавме од 2018-та година и сме пресреќни што конечно ја споделуваме со вас „А бре, Македонче“ и горди сме што ѝ оставаме еден траен белег на Македонија – рекоа синоќа момците од „Балкан бенд.

    На промоцијата на „А бре, Македонче“, почит им оддадоа многу познати имиња од македонскиот шоу бизнис. Водители, пејачи, медиуми, инфлуенсери, беа само дел од публиката на промовирањето на „А бре, Македонче“, во срцето на Скопје.

    Реакциите за спотот и песната се и повеќе од одлични, а доказ за тоа се и бројот на прегледи на Јутјуб. За само неколку часа повеќе од 15.000 корисници го прегледале видеото.

    Да не должиме многу, слушнете, уживајте и споделете ја „А бре, Македонче“ на вашите социјални мрежи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img