More

    Ѕвездата од серијата „Алф“ почина на 46-годишна возраст

    spot_img

    Актерот Бенџи Грегори, најпознат по улогата во култната серија Алф, почина на 46-годишна возраст, пренесува TMZ.

    Бенџи Грегори бил пронајден мртов во својот автомобил на паркинг на банка во Аризона.

    Се претпоставува дека тој заспал во автомобилот и починал од топлотен удар. Имено, тие денови додека актерот престојувал во Аризона биле измерени околу 42 степени.

    Во возилото со актерот било пронајдено и неговото куче Ханс, кое исто така починало.

    Причината за смртта на актерот сè уште се истражува.

    Постарата сестра на актерот Ребека, за ТМЗ изјави дека Бенџи се борел со депресија и биполарно растројство, како и дека страдал од несоница. Поради ова, вели, со денови бил буден.

    Бенџи Грегори го играше момчето Брајан Танер во серијата Алф од 1986 до 1990 година. По Алф, тој глумеше во три телевизиски филмови и ја заврши својата актерска кариера со гласот на кртот Едгар во цртаниот филм „Беше еднаш во шумата“.

    Во меѓувреме, Бенџи дипломирал на Уметничката академија во Сан Франциско.

    Серијата Алф се емитуваше од 1986 до 1990 година и имаше една специјална епизода, која беше прикажана во 2004 година. Во серијата доминира саркастичниот хумор на вонземјанинот Алф, кој живее со семејството Танер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img