Актерот Том Холанд (27) зема една година пауза од актерството за да се погрижи за своето ментално здравје, откако помина низ, како што вели, тежок период и „малку се распаднал“ додека работел на неговиот последен проект.
Британскиот актер моментално ја промовира трилер серијата „The Crowded Room“ во која е и актер и продуцент. Холанд глуми лик базиран на Били Милиган, познат и како Силувач од кампусот, Американец кој тврдеше дека има 24 алтернативни личности и беше првиот поединец што беше прогласен за невин поради лудост врз основа на дисоцијативно нарушување на идентитетот, пишува „Гардијан“.
Холанд во средата изјави за „Екстра“ дека „ја сака кривата на учење додека станувал продуцент“, но жонглирањето со тие одговорности додека глумел лик со тешка ментална болест го турнал преку работ.
„Не ми е непознат напорната работа. Живеев со идејата дека напорната работа е добра работа. Но, сепак, ме скрши серијата. Дојде момент кога ми требаше одмор и исчезнав, отидов во Мексико на една недела и поминав времето лежејќи на плажа. Сега зедов една година пауза, а тоа е резултат на тоа колку беше тешка оваа серија. Возбуден сум да видам како ќе испадне. Чувствувам дека нашата напорна работа не беше залудна“, тој кажа.
„Тоа беше тешко време, сигурно. Истражувавме одредени емоции кои дефинитивно никогаш не сум ги доживеал порано. А, покрај тоа, како продуцент, треба да се справиш со секојдневни проблеми кои доаѓаат од кој било филмски сет и сето тоа само додаде дополнително ниво на притисок“, додал младиот актер.
Холанд за „Ентертејмент викли“ во мај изјави дека „The Crowded Room“ му отежнува да излезе од улогата и дека дури размислувал да ја избричи главата за да се „ослободи од ликот“.