Џулија Гарнер, ѕвездата на серијата на Нетфликс „Inventing Anna“, наскоро би можела да ја глуми Мадона.
Како што пишува „Вариети“, актерката ја добила главната улога во претстојниот биографски филм за кралицата на поп-музиката, додека конкуренција ѝ биле десетици други актерки.
Мадона е вклучена во филмот и ќе биде ко-сценаристка, продуцентка и режисерка.
– Проектот „Мадона“ е во активен развој, а Џулија Гарнер е избрана да ја игра главната улога во филмот – изјави за „Пипл“ извор близок до проектот.
Кралицата на поп-музиката го најави овој проект минатиот октомври, а потоа изјави дека сценариото е речиси готово.
ФОТО: Инстаграм