Ѕвездата на „Марвел“ осуден условно поради напад на поранешната девојка

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Актерот Џонатан Мејџорс (34) е осуден на условна казна, избегнувајќи затворска казна за напад на својата поранешна девојка во случајот кој практично ја уништи кариерата на некогаш ветувачката ѕвезда.

Ѕвездата на „Creed III“ се соочи со можна 1 година зад решетки откако поротата на Менхетен го осуди за напад во декември. По пресудата за вината, Мејџорс беше веднаш отпуштен од студиото „Марвел“, иако претходно му ја доделија улогата на Канг Освојувачот, кој требаше да биде главниот негативец во филмовите, а која ќе го зацврстеше неговото име како еден од најголемите актери во Холивуд.

Наведениот случај се случи во март 2023 година кога тогашната девојка на Мејџорс, Грејс Џабари, го обвини актерот дека ја нападнал на задното седиште од автомобилот со возачот, велејќи дека ја удирал по главата со отворена тупаница, и ја извртувал раката зад грб и и го стиснал средниот прст, кој поради тоа е скршен.

Џабари, додека се обраќала пред судот, рекла дека Мејџорс одбива да ја признае својата вина и останува опасност за оние околу него.

„Не му е жал. Не ја прифати одговорноста. Ќе го направи тоа повторно и ќе повреди други жени. Тој верува дека е над законот“, рекла таа.

Таа исто така рекла дека Мејџорс ја натерал да верува дека двајцата се во врска, но во реалноста тој ја изолирал од остатокот од светот и ја отсекол од семејството и пријателите.

„Бев толку емотивно зависна од него. Станав друга личност околу него – мала, исплашена и ранлива“, рекла поранешната девојка на актерот.

Мејџорс тврдеше дека 31-годишната британска танчарка го нападнала откако збеснала откако прочитала СМС-порака од друга жена на неговиот мобилен телефон. Тој тврдеше дека само се обидувал да си го врати мобилниот телефон и да побегне од Џабари. Поротата на крајот го осуди за една точка за напад и малтретирање, но го ослободи од втората точка за напад и тешко вознемирување.

Сè уште не е јасно дали ликот на Канг ќе биде преработен и ќе остане во идните филмови на „Марвел“ или студиото ќе се откаже од проектите засновани на ликот. Кариерата на Мејџорс започна во „Последниот црн човек во Сан Франциско“, по што глумеше во поголеми проекти како што се „Lovecraft Country“, „The Harder They Fall“, „Da 5 Bloods“ и „Creed III“.

- Advertisement -
Ad image

Мејџорс, облечен целосно во црно и придружуван од неговата девојка, актерката Меган Гуд, одби да се обрати пред судот или да разговара со новинарите. Неговата адвокатка, Прија Чодри, рече дека Мејџорс е „посветен да расте како личност“ и дека ќе ги заврши програмите наредени од судот со „отворено срце“, иако тој останува на тврдењето дека е невин и планира да поднесе жалба.

„Тој ја загуби целата своја кариера“, изјавила Чодри пред судот.

Share This Article