Деветнаесет годишната ѕвезда од серијата „Чудни нешта“ (Stranger Things), Мили Боби Браун, која се прослави со улогата на Илевн, се сврши со своето момче Џејк Бонџови (20).
Актерката на Инстаграм ја потврди веста за свршувачката со синот на легендарниот пејач Џон Бон Џови каде го покажа свршеничкиот прстен.
„Те сакам три лета. Сакам да биде вака засекогаш“, напиша Мили во описот на објавата на социјалната мрежа.
А Џејк на својот инстаграм-профил објави нивни заеднички фотографии со натпис: „Засекогаш“.
Двојката е во врска од 2021 година, а првпат беа видени заедно во јавноста на наградите БАФТА минатата година.
ФОТО: ЕПА