Црвена Звезда беше елиминирана од Макаби Хаифа од плејофот во Лигата на шампионите, но ќе игра во Лига Европа. Црвено-белите досега заработија над 10.000.000 евра.
Само со пласманот во бараж квалификациите Звезда заработи 5.000.000 евра. Дополнително, со преселбата во Лига Европа ќе добие 3.200.000 евра.
Покрај горенаведеното, црвено-белите треба да добијат дополнителни 2.500.000 евра благодарение на десетгодишниот рејтинг на УЕФА.
Тоа би значело дека клубот од Љутица Богдан досега има заработено 10.700.000 евра.
Победа во групната фаза на ЛЕ носи 630.000 евра, додека реми 210.000 евра.
Пласманот во осминафиналето носи дополнителни 1.200.000 евра.