Извршниот директор на Мета, Марк Зукерберг, заврши во болница со ногата во гипс, а на својот Фејсбук профил ја сподели причината за повредата која го задржа на болничкиот кревет.
„Со спаринг ги скинав лигаментите на коленото и имав операција, од која штотуку излегов. Благодарен сум на лекарите кои се грижат за мене“, напиша Зукерберг.
Тој објасни дека тренирал за натпреварувачка ММА борба која треба да се одржи следната година, но дека оваа „авантура“ засега е одложена.
„Сè уште се радувам на тоа откако ќе закрепнам. Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката“, додаде тој во својата објава на Фејсбук покрај фотографијата на која е во болнички кревет со стисната тупаница.