Иако е срамота да се фрлаат искористените кутии од јајца, експертите за безбедност на храна предупредуваат дека повторното користење на овој производ може да ви направи повеќе штета отколку корист.
Кога станува збор за повторна употреба на пакувањето, тоа во повеќето случаи е идеална идеја и за околината и за нашиот паричник. Меѓутоа, со кутиите за јајца, приказната е малку поинаква и бара повеќе внимание отколку што мислевме.
Дури и на амбалажата стои дека пакувањата не смеат повторно да се користат. Ова е причината зошто мора да ги фрлите картонските кутии или картоните со јајца по првата употреба.
Зошто кутиите за јајца се проблематични?
Проблемот е од картонот од кој се направени овие кутии. Тие се заразени со штетни микроорганизми и не можат да се чистат и мијат. Меѓу најчестите штетни микроорганизми се, на пример, салмонелата, која предизвикува акутно воспаление на гастроинтестиналниот тракт, а понекогаш предизвикува и компликации. Особено е опасно за малите деца и постарите лица, пишува metropolitan.si, а пренесува магазинот City.
За да се спречи вкрстена контаминација:
– Избегнувајте ставање јајца или пакувања со јајца на чисти работни површини.
– При кршење внимавајте содржината на јајцето да не дојде во допир со надворешната површина на лушпата.
– Сите прибор, садови и работни површини кои биле во контакт со јајца или пакување јајца мора да бидат темелно исчистени.
– Веднаш фрлете ја празната амбалажа и не ја употребувајте повторно.
– Измијте ги рацете темелно по ракување со јајца и/или пакување јајца.