Дали ги спуштате ролетните во текот на денот во вашиот дом? Доколку одговорот е „да“, после овој текст ќе се премислите.
Деновиве, кога температурите знаат да бидат навистина неподносливи, многу луѓе преку ден ги спуштаат ролетните во становите за барем малку да се разладат. Но, кога ќе прочитате како тоа може да влијае на вашето здравје, двапати ќе размислите за оваа навика.
Студијата спроведена на Универзитетот во Орегон покажа дека е многу поздраво да се чуваат ролетните бидејќи сончевата светлина ги убива бактериите кои живеат во честичките од прашина, што може да го намали ризикот од респираторни проблеми.
Истражувањето беше објавено во стручното списание „Микробиом“, а научниците ги изложија бактериите пронајдени во домашната прашина на три различни ситуации под контролирани услови – темна просторија, просторија со природна светлина и просторија со УВ осветлување.
По 90 дена, тие собрале примероци и ги анализирале и откриле дека постои врска помеѓу изложеноста на светлина и бројот на бактерии во прашината. Бактериите се размножувале многу побрзо (до 12 проценти) во темни простории. Најмалку бактерии имало во просторијата со УВ светлина (6,1 отсто), потоа во просторијата со дневна светлина – 6,8 отсто.
Освен тоа, бактериите пронајдени во затемнета просторија се поврзуваат и со респираторни проблеми, пренесува jutarnji.hr.