More

    Зоре Темелковски дивеел во еден охридски елитен хотел, притоа обидувајќи се да наметне нова „Бугарска провокација“!?!

    spot_img

    Котраверзниот бизнисмен Зоре Темелковски, пред неколку дена се обидел да дивее во еден охридски елитен хотел, притоа обидувајќи се да наметне нова „Бугарска провокација“!

    Во охридскиот елитен хотел, на една маса седел Зоре Темелковски, додека на друга маса дошол неговиот син во друштво со други десетина лица. Целиот циркус „Ала Зоре“ Темелковски побарал од келнерот во објектот сметката од масата на неговиот син со неговите гости да биде донесена кај него. Гостите на неговиот син порачале доручек во кој да биде вклучен и домашен „охридски ѓеврек“. По 15 минути Зоре Темелковски почнал на висок глас да се дери и да ги провоцира келнерите во објектот со зборовите:

    -„Не сакате да ги служите затоа што се Бугари, каде е доручекот за нив“!!!

    На ваквата смислена провокација од Зоре Темелковски реагирал сопственикот на објектот, кој му укажал на Зоре Темелковски, дека не е во ред и не му доликува да се однесува на ваков начин и дека секој гостин во хотелот е добредојден и дека воопшто не е во ред неговото однесување, а гостите ќе бидат услужени како секој гостин во хотелот.

    Зоре Темелковски за да докаже пред гостите на неговиот син, дека ете тој е поголем Б’лгарин и дека тие гости треба да бидат послужени пред сите останати гости, од келнерот побарал да ја плати сметката. Откако му била дадена сметката, Зоре Темелкоски продолжува со смислената провокација. Веднаш преку неговиот мобилен телефон започнува разговор на висок тон за да можат да го слушнат и останатите гости во ресторанот, а и на улица, со Пазарен испекторат, од кого бара веднаш да дојдат во објектот да направат контрола, па го бара сопственикот на „Мулти Груп“Бугарија, Бугарскиот Амбасадор и што ти уште не, за да ја докажел неговата „Б’лгарштина“. Додека Зоре Темелковски дивее по ресторанот, неговиот син со гостите го напушта ресторанот на хотелот во оној момент кога тој и неговите гости ја добиваат нарачката, но Зоре Темелковски не застанува со провокациите.

    Во меѓу време во угостителскиот објект пристигнува Пазараниот испекторат, кој по детална проверка за работење на ресторанот во хотелот, единствено нешто кое пронашле, дека хотелот и ресторанот работат по сите законски норми и дека нема никаква законска повреда на работењето на хотелскиот комплекс…

    Ова не е прв случај во Охрид Зоре Темелковски да прави скандали низ рестораните на охридските хотели во за период од 1 година. Таков беше случајот и со настанот во Хотел „УНИК“ во Охрид со случајот на Топаловски-Усенини, од кога на Зоре Темелковски му е забранет влез во оваа угостителска единица, случајот со Хотел „Лебед“ во Охрид, каде исто така на Темелковски му е забранет влез поради националистички испади врз гости.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img