More

    Студентите и раководството на ФИНКИ бараат подобри услови за работа

    spot_img

    Студентите и раководството на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), денеска во 12 часот ќе одржи протест пред зградата на Владата.

    Протестот е согласно одлука на деканската управа, а целта, како што велат од ФИНКИ, е укажување на власта за потребата од подобрување на условите за студирање на студентите на Факултетот. Посочуваат дека вистински предизвик за управата на факултетот е да ги смести сите запишани студенти, бидејќи, како што велат, со повеќе од 5 000 студенти, ФИНКИ е најброен факултет во државата.

    Според најавата на протестот ќе се одржи 25-тата редовна седница на Наставно-научниот совет, во кој покрај деканот и продеканите, членови на деканската управа се и раководителите на институтите и еден член избран од Факултетското студентско собрание.

    Од неформалната организација Студентска револуција соопштија дека ќе го поддржат протестот и ги повикаа на поддршка студентите, професорите, како и вработените на УКИМ.

    – Ние Студентска револуција како неформална организација го поддржуваме протестот на ФСС Финки и УСС пред Влада. Воедно ја користиме оваа прилика и да ве повикаме сите студенти, професори, вработени на УКИМ заедно да излеземе и да одиме пред Влада со едно прашање: „Како преку вештачката интелигенција да дојдеме до „таа“ зграда на ФИНКИ? – велат од организацијата.

    Управата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на седницата одржана на 18 месецов донесе заклучоци со кои побара Владата на следната седница да донесе одлука за давање на времено или трајно користење, без надомест, на објектот кој се наоѓа на КП бр. 1856, КО Карпош, ИЛ бр. 47924, согласно барањето испратено од Факултетот до Владата на 19 мај 2023 година.  Факултетот бара Владата  да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од 3 месеци да обезбеди простор и да изврши дислокација на Бирото за развој на образование, како орган на државна управа во состав на Министерството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img