Зоран Китанов кој изминативе години беше владин претставник во Орборот на директори на Македонски телеком, се повлекува од функцијата – претседател на Одборот на директори, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Китанов деновиве поднесе оставка од функцијата кој треба да биде разгледана и усвоена од собранието на акционери на компанијата кое треба да се одржи на 30 мај.
На негово место Владата го предложи адвокатот Игор Милев. Тој на позицицјата во Телеком доажа од советничкото место на директорот на Царинската управа.
Милев бил и член на Државната изборна комисија, како и раководител на правната служба на акционерското друштво „Јака 80“ од Радовиш.
Како што се наведува во неговата биографија може да работи на компјутер, а има и основни познавања од Англискиот јазик.