ЗОО Скопје повикува на кампања „Кажи СТОП за петарди и огномет“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ЗОО Скопје почнува кампања „Кажи стоп за петарди и огномет“ со цел да ја зголеми свеста за последиците од употребата на пиротехнички средства во текот на празничните прославувања.

Според нив, употребата на пиротехнички средства е опасна како за луѓето така и за животните.

„Милиони птици угинуваат од стрес, или исплашени ги напуштаат своите гнезда со малечки за кои потоа нема кој да се грижи и умираат од глад и дехидрација, кучињата и мачките може да доживеат огромен стрес или во најлош случај срцев удар од страв, дивиот свет исто така страда. Бучавата и светлината ги вознемируваат до степен да може да настапи смрт, но и да ги напуштат своите малечки кои потоа страдаат. Се создава загадување на воздухот преку испуштање на отровни хемикалии, но и загадување со бучава. Децата може да се повредат и да останат со ампутирани делови од телото а кај возрасните луѓе со ПТСР (PTSD) поттикнува поголема анксиозност“, велат од ЗОО.

Силниот звук има огромно влијание кај дечиња со потешкии во развојот или пак со аутистичен спектар на нарушување, а празничниот период не треба да им носи трауми поради петардите, а и животните во ЗОО Скопје доживуваат голем стрес, апелираат од ЗОО Скопје и повикуваат сите да се вклучат во оваа кампања и оваа година рекордно да се намалиме употребата на пиротехника.

„Сите основци, средношколци и граѓани кои сакаат да бидат дел од кампањата можат да направат цртежи на тема: „Кажи стоп за петарди и огномет“ и да ги испратат на zooskopje@zooskopje.com.mk . Од најдобрите цртежи на крајот на месец декември ќе се направи изложба во просторот на градината а потоа како ќе бидат изработени постери и ќе бидат закачени низ сите маала“, се наведува во соопштението.

Share This Article