More

    ЗНМ остро реагира на вулгарното однесување на дел од навивачите на РК Еурофарм Пелистер кои со крајно навредлива парола се обидоа да го понижат и да се „пресметаат“ со колегата коментатор од Македонската Телевизија Југослав Костовски

    spot_img

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на вулгарното однесување на дел од навивачите на РК Еурофарм Пелистер кои со крајно навредлива парола се обидоа да го понижат и да се „пресметаат“ со колегата коментатор од Македонската Телевизија Југослав Костовски.

    Во текот на целиот меч во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар на една од трибините група неодговорни навивачи имаа истакнато недоличен транспарент на кој пишуваше „Југо К. Вагино скопска“.

    Спортските новинари при ЗНМ искажува револт кон навивачите, но и кон домаќинот на големото ракометно дерби РК Еурофарм Пелистер бидејќи раководството и луѓето задолжени за организација на мечот имаа вовед, две полувремиња, пауза и цели два часа да реагираат и да го отстранат транспарентот или тие што го промовираа на видно место, а тоа не го сторија.

    Валканите пресметки на навивачите со новинарите и непостапувањето кон истите не се непознати во нашиот спорт, но сигурно не се начин на кој се градат големите европски спортски колективи. Со самиот факт што Еурофарм Пелистер е наш машки ракометен првак и учесник во групната фаза од Лигата на шампионите тоа ги става битолчани во ситуација да имаат обврска тоа да биде нивна траекторијата на развој што, пак, дефинитивно значи и коректен однос кон известувачите од натпреварите и на домашната и на меѓународна сцена“ – се вели во соопштението на ЗНМ.

    Пред првенствениот ракометен натпревар меѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961, управата на клубот апелираше сите кои ќе бидат во спортската сала „Боро Чурлевски“, со своето фер и коректно спортско навивање да придонесат натпреварот да се одигра во спортска и фер атмосфера.

    Инаку, тимот на РК Вардар 1961 вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше поразен од РК Еурофарм Пелистер со 29:25, но сепак, поради подобрата гол разлика ќе го освои првото место во групата со битолчани. Гостинските ракометари на првата средба со Еурофарм-Пелистер победија со 30:25, па во продолжение на првенството ќе имаат подобра стартна позиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img