Знаци кои укажуваат на бавен метаболизам

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бавниот метаболизам значи дека телото не може доволно брзо да ја претвори храната во енергија.

Метаболизмот е познат термин за повеќето луѓе, но ретко кој може точно да објасни што е тоа или како функционира метаболизмот. Метаболизмот ги претставува сите биохемиски процеси кои се случуваат во телото кога внесената храна се претвора во енергија.

Главните функции на метаболизмот се:

– Конвертирање на енергијата од храната во енергија потребна за започнување на клеточните процеси

– Претворање на храната во клеточни делови за протеини, масти, нуклеински киселини и некои јаглехидрати

– Елиминација на метаболички отпад

Покрај тоа, зборот “метаболизам” често се однесува на варење и транспорт на супстанции помеѓу клетките низ телото. Терминот „метаболизам“ се користи и во популарната литература за исхрана за да ја означи стапката на согорување на калории во телото, пренесува Vijesti.me.

Постојат неколку симптоми кои може да укажуваат на бавен метаболизам.

Замор
Многу работи можат да бидат причина за замор, вклучувајќи очигледни фактори како што се недостаток на сон и физичка работа. Меѓутоа, ако често сте уморни, тоа може да биде знак дека вашиот метаболизам е забавен бидејќи вашето тело не може доволно брзо да ја претвори храната што ја јадете во енергија.

- Advertisement -
Ad image

Сува кожа и коса
Кога метаболизмот не работи добро, телото не може доволно брзо да ги обнови клетките важни за здравјето на кожата и косата и затоа тие стануваат суви. Сувата кожа и коса може да укажуваат и на многу други работи, како што е лошата исхрана.

Потребата за слатки
Желбата за одреден вид храна често укажува на тоа дека на телото му е потребна енергија. Ако јадете добро и спиете доволно, но сепак чувствувате силна потреба за слатки и храна со скроб, тоа може да значи дека вашиот метаболизам не ја преработува храната што веќе сте ја изеле добро во енергија која му е потребна на вашето тело.

Се здебелувате и покрај здравата исхрана
Природно е дека метаболизмот се успорува со возраста, што го отежнува одржувањето на здрава тежина, но ако се храните здраво и внимавате на внесот на калории, а сепак се здебелувате, веројатно станува збор за бавен метаболизам.

- Advertisement -
Ad image

Секогаш ти е ладно
Метаболизмот е одговорен и за одржување на телесната топлина, а доколку работи бавно, резултатот ќе биде постојано чувство на студ. Ова особено ќе го почувствувате навечер кога ќе се покриете со неколку слоеви во креветот за да се загреете.

Вашето расположение често се менува
Постојаното чувство на исцрпеност, додека вашето тело се бори да ја обработи храната, може да биде резултат на честа раздразливост и постојани промени во расположението.

Share This Article