More

    Знаци кои откриваат дека нашиот мозок старее побрзо отколку што треба

    spot_img

    Когнитивното опаѓање е еден од најпредизвикувачките аспекти на стареењето кај луѓето. Според резултатите од многу истражувања, вештините за разбирање, меморија и расудување можат да почнат да слабеат околу 45-тата година од животот.

    Слабеењето на когнитивните способности е природен дел од стареењето и како такво не е знак за тревога.

    Сепак, лекарите предупредуваат дека постојат одредени знаци на кои треба да се внимава во случај овие споменати промени да се појават порано отколку што треба.

    Одредени симптоми кои можат да се појават кај помлада или средовечна личност може да укажуваат на тоа дека нивниот мозок старее многу побрзо отколку што треба, а тоа може да го зголеми ризикот од деменција и други когнитивни болести, пренесува Index.hr.

    Затоа, знаците на кои треба да се обрне внимание се следниве:

    – губење на меморијата и заборавеност

    – тешкотии со концентрација и фокусирање

    – пад на вештините за решавање проблеми

    – промени во расположението и емоционална нестабилност

    – намалена ментална агилност и побавна брзина на обработка на податоци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img