Знамето на виножитото за прв пат беше развеано во германскиот Бундестаг

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот, за првпат закачи знаме со виножито кое ја симболизира заедницата на лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови и квир, кои се залагаат за толеранција.

Од саботата наутро ова знаме се вее на југозападната кула на Рајхстагот во Берлин, седиштето на германскиот парламент. Пред источниот и западниот влез на зградата беа подигнати уште две знамиња со виножито.

Поводот е Берлин Прајд, најголемиот уличен ЛГБТ собир во Европа најавен за пладне, каде организаторите очекуваат стотици илјади учесници.

Дури во април МВР даде дозвола знамето на виножитото да биде поставено пред официјалните федерални згради или во одредени прилики да се закачи на нив.

Претседателот на Бундестагот, Бербел Бас, најави подигање на знамето на зградата на Рајхстагот во јуни и објасни дека тоа уште еднаш значително ќе придонесе за видливоста на отворен однос кон различностите.

Share This Article