Во хотелот во Давос каде се одржува Светскиот економски форум, спроти хотелот во кој ќе престојува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, виси знамето на „голема Албанија“.
Вучиќ ќе има бројни билатерални средби со светски претставници, а предвидени се и средби со претставници на меѓународни организации, финансиски институции и водечки светски компании кои учествуваат на Светскиот економски форум, соопшти прес-службата на претседателот.