Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе одлука за намалување на цените на бензините за 3,5 денари и дизелот за 3 денари.
Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 3.5 денари и еден литар ќе чини рамно 90.00 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 2 денари, па еден литар 98-октански бензин ќе чини 92.00 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 3.00 и од вечерва на полноќ еден литар дизел гориво ќе чини 90 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.