More

    Златарници откупувале позлатени легури кои одвнатре не се златни

    spot_img

    Секторот за внатрешни работи Битола информира дека во последниот период забележани се пријави од граѓани, сопственици или вработени лица во златарници на подрачјето на Битола, за сторени измами од лица кои нудат злато за откуп.

    Од СВР-Битола посочуваат дека при проверка на откупеното злато било утврдено дека од надворешната страна е златна легура, но при пресек се утврдувало дека не станува збор за накит или предмет од злато.

    „Со цел спречување на понатамошни вакви измами и злоупотреби ги предупредуваме граѓаните, посебно златарниците, да бидат исклучително внимателни при откуп и продажба на злато и златен накит, а секое сомнително лице и сомнителен настан да го пријават на телефонските броеви 192 или 112, на најблискиот полициски службеник или во полициска станица“, соопштија од СВР-Битола.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img