More

    Златарницата „Булгари“ е ограбена синоќа во Рим

    spot_img

    Златарницата „Булгари“ е ограбена синоќа во Рим. Провалници упаднале во продавница на улицата Виа Кондоти во центарот на градот и однеле стока вредна околу половина милион евра.

    Според италијанските медиуми, грабежот бил извршен како на филм. Крадците во златарницата влегле од подрум преку дупка на подот и на тој начин упаднале во просторијата во која се чувале вредните предмети. Се верува дека до подрумот стигнале преку стар канализациски тунел.

    Алармот се огласил околу полноќ, но разбојниците успеале да побегнат.

    Полицијата ги прегледала снимките од сите достапни надзорни камери и е во потрага по крадците. Се претпоставува дека во грабежот учествувале најмалку три лица. Веќе имало обид за грабеж на оваа златарница „Булгари“ кога крадците среде бел ден со багер го искршиле излогот на продавницата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img