More

    Зимските центри во Србија ги зголемија цените за 10 до 15% во однос на лани. Најскапо е на Копаоник каде што за одмор од 10 дена треба да се издвојат од 350 до 5.000 евра

    spot_img

    Зимските центри во Србија ги зголемија цените за 10 до 15% во однос на лани. Најскапо е на Копаоник каде што за одмор од 10 дена треба да се издвојат од 350 до 5.000 евра.

    Според претседателот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (НАТАС), Драган Суботиќ, хотелските капацитети на Копаоник за Нова година и Божик веќе се пополнети.

    – Копаоник со години е најпопуларниот зимски центар кај нас. Без разлика на високите цени, веќе се е полно. Кога станува збор за ски картата, скијачките центри на Србија ги задржаа истите цени како лани – вели Суботиќ и додава дека Златибор е популарна дестинација и во зимската сезона.

    Десетдневен аранжман околу Божик и за време на зимскиот распуст на Копаоник започнува од 350 евра, па се до 5.000 евра во зависност од категоријата сместување.

    Цените во Златибор се многу пониски. Десет ноќевања од 7 до 17 јануари во приватно сместување чини околу 350 евра. Во хотелите потребно е да се издвојат 2.500 евра за десет ноќевања со појадок.

    Цените на ски картите не се променети во однос на минатата година, а од 1 до 15 ноември има промоција во претпродажба преку нивната веб продавница – со 15% попуст.

    Така, во периодот од 8 јануари до 10 февруари десетдневната ски карта за возрасни на Копаоник чини 29.130 динари (15.320 денари), за деца 18.250 динари (9.598денари), додека на Златибор за истиот период ски картата е нешто поевтина, па возрасните ќе треба да плати 22.250 динари (11.702 динари) , додека десетдневната карта за деца чини 16.000 динари (8.415 динари).

    На Стара Планина, цената за десетдневно користење на скијачката патека за возрасни е 15.130 динари (7.957 динари), додека за деца сумата е нешто поповолна – 10.620 динари (5.585 денари).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img