Зимската служба на Општина Кавадарци го расчистува снегот до неколку села, информираа денеска од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
„Зимската служба на Општина Кавадарци е на терен на повисоките места, каде се оформи снежна покривка од 10 до 30 сантиметри. Се интервенира со две возила по патните правци до Михајлово, Бојанчиште, Страгово, Бохула, Чемерско, Крњево и Горна и Долна Бошава, со што тие правци се проодни за сите возила“, соопштија од Кабинетот на Јанчев.
Оттаму нагласија дека зимската служба е целосно подготвена за интервенции на сите патни правци и континуирано работи на терен, со цел безбеденост во сообраќајот.